Вечерните и ноќните смени се веројатно канцерогени

1494

Многумина од нас одат во кревет подоцна отколку што треба и едноставно не спиеме колку што треба за да функционираме нормално следниот ден.

Затоа експертите посочуваат колку се драстични последиците од несоницата врз нашето здравје, а некои од тие последици можат да бидат долгорочни.

Прво, недостатокот на сон влијае на способноста на мозокот да помни.

Знаеме дека недостатокот на сон спречува мозокот да се сеќава. Тоа е исто како да го исклучите сандачето на мозокот ако не спиеме доволно и не можете да добивате нови пораки, односно да запомните нешто ново, објаснува експертот.
Сепак, тоа не е најлошото што може да се случи.

Недостаток на сон може да доведе до поголема концентрација на бета амилоид во мозокот, токсичен протеин поврзан со Алцхајмерова болест.

За време на спиењето, овие токсични протеини се исфрлаат од мозокот. Ако не спиете доволно секоја, но секоја вечер, повеќе од тој протеин кој се врзува за Алцхајмеровата болест се депонира во мозокот, вели Вокер. Колку повеќе протеини се задржуваат, толку е поголем ризикот од развој на деменција подоцна во животот“.

Недостатокот на сон исто така го ослабува нашиот имунолошки систем, правејќи не помалку отпорни на вируси и настинки. Но, работата е уште посериозна од тоа.

По само една ноќ спиење помеѓу четири и пет часа, количината на антиканцерогени клетки во телото се намалува за 70 проценти“ предупредува тој.

И не само тоа! Светската здравствена организација официјално објави дека смените во доцните вечерни или ноќни часови се „веројатно канцерогени“, поради начинот на кој тие го попречуваат деноноќниот ритам.

Од друга страна, неопходен е добар сон за регулирање на крвниот притисок, поради што недостатокот на сон негативно влијае на кардиоваскуларниот систем.

Вокер нагласува дека по 16 часа поминати во состојба на будење, психичката и физиолошката состојба на една личност се влошува.

Знаеме дека, откако сте будни 19 или 20 часа, вашата ментална состојба е толку лоша што сте исто толку ризични зад воланот, како некој што пиел алкохол, заклучува тој.
Направете си услуга на себе и на вашето здравје, создадете здрави навики за спиење.