Зголемен бројот на самоубиства кај децата поради емитувањето на оваа контроверзна серија | Видео

221

Oд април 2017 година, бројот на самоубиства кај децата на возраст од 10 до 17 години во САД е зголемен за една третина, покажа спроведената студија, а тоа е така откако Нетфликс почна со прикажување контроверзната на серија „13 причини зошто”.

Поради ограничените податоци, истражувачите на Националниот институт за здравство (НИХ) објавија дека не можат да најдат директна врска со зголемувањето на бројот на самоубиства и серијата, но потенцираат дека од април до декември 2017 година биле регистрирани 195 самоубиства на деца на возраст од 10 до 17 години, што е повеќе отколку во претходните години.

„Ова треба да биде потсетник за да се земат во предвид можните несакани последици од прикажување самоубиство, како и повик до забавната индустрија и медиумите да користат најдоброто достапно искуство кога се занимаваат со таа тема“, се наведува во заклучокот од студијата во која учествуваат неколку универзитети, болници и Националниот институт за ментално здравје.

Повеќето од извршените самоубиста ги сториле момчиња.

Серијата „13 причини зошто” зборува за тинејџерка која оставила 13 снимки објаснувајќи зошто одлучила да изврши самоубиство. Во последната сцена од првата сезона, главната хероина е прикажана како ги сече вените во када.