Не пиела кафе еден месец, се случило нешто неочекувано

32

Пијам кафе од својата шеснаесетта година. Бидејќи ја надминав границата на нормална конзумација на кафе, решив да престанам да го пијам некое време.

Еве што почувствував.

Со години почнав да пијам утринско кафе, но како што со време ја исфрлив водата и ја зголемив конзумацијата на кафе, моето тело започна да се буни. Затоа, решив да престанам да консумирам кафе.

Ослабев

Иако мислев дека никогаш нема да се случи, иако несвесно се сомневав во тоа, сепак се случи – изгубив 3 кг за еден месец. И како се случи тоа? Имено, штом станав ќе испиев топла лимонада со цимет. После тоа, ќе испиев уште две чаши вода во интервали од половина час, а потоа ќе појадував.

Бидејќи обично пиев кафе наместо појадок, верував дека ќе добијам многу тежина. Но, се случи токму спротивното. Барем во мојот случај.

Спиев многу подобро

Бидејќи пиев кафе во 19 часот, сега кога престанав да го консумирам – мојот сон се подобри. Што ќе рече: „Спиев како трупец!“

Спиењето ми беше подлабоко, спиев подолго, но бев и доста поспана преку ден. Особено првите две недели кога престанав да пијам кафе.

Главоболките беа неподносливи

Бидејќи никогаш немав проблем со главоболка, ова беше голем проблем за мене. Тоа беше мачна болка во моите слепоочници, а потоа вратот ме болеше толку многу секогаш кога станував или правев некое ненадејно движење. По две недели, главоболките постепено стивнаа.

Забелешка: Преземањето на оваа содржина е дозволено само ако го наведете изворот со задолжително линкување на нашиот домен и оригиналната статија!

Доколку сакате да прочитате повеќе содржини како оваа, препорачуваме да го посетите нашиот портал www.kukuriku.com.mk, а со лајк на нашата фан страна станувате дел нашето многубројно членство facebook.com/Kukuriku.mk/.

Продолжува на страна 2