Доколку имате бебе веројатно ќе се случува поради бројните обврски да заборавите да фотографирате некои моментите од неговиот живот
Следуваат десет моменти во животот на бебето, кои мора секој родител да ги забележи со фотоапарат:
Додека спие
– Бебињата се толку прекрасни и нежни додека спијат и секако морате да имате неколку фотографии од вашето бебе додека е во светот на соништата.
Додека ползи
– Бебето мошне брзо од ползење преминува на одење, така да не заборавајте да го забележите овој момент од неговиот живот.
Првите чекори
– Без разлика дали се движи самостојно или со ваша помош, првите чекори се нешто најубаво во животот на секое бебе, така што задолжително фотографирајте ги.
Стапала
– Стапалата на бебињата се преслатки, особено доколку на фотографиите ги придржувате со своите раце, бидејќи дури тогаш ќе се забележи колку се малечки.
Со тато
– Веројатно мислите дека ќе имате време да направите брзброј вакви фотографии, но вистината е дека можат да поминат недели или дури месеци, а да не се сетите тоа да го направите. Не заборавајте да му кажете на сопругот и тој да ве слика со бебето.
Продолжува на страна 2



















