Десет совети за детето да го засака спортот

1515

Првиот контакт со спортот е важен за детето и ќе го дефинира неговиот однос према физичките активности, меѓутоа покрај најдобрио тренер и најдобрите услови за вежбање, поголемо влијание на детето во оваа возраст имаат родителите.

Неколку совети да го мотивирате детето да го засака спортот и да ужива во физичките активности:

Почитувајте ја способноста и интересирњето на своето дете.

Поддржете го, охрабрете го и пофалете го детето бидејќи на тој начин се развива чуството на сигурност и самодоверба.

Не очекувајте премногу од детето. Ако од детето на почетокот очекувате да биде најдобро, тоа може да ја намали неговата смаодоверба.

Избегнувајте критики и казни, затоа што тоа само го продлабочуа чуството на несигурност и неуспех.

Бидете личност од доверба за своето дете, дајте му поддршка и сигурност.

Покажете разбирање за детската несигурност и страв. Немојте да го критикувате, на тој начин стравот само ќе се зголеми, а детето ќе се затвори и ќе ја изгуби довербата во вас.

Распрашајте се за програмата во училиштето и објаснете му на детето што е тоа тренинг. Запознајте го со просторот каде ќе тренира за да биде подготвено за првиот час.

Дозволете му прво да гледа тренинг на други деца, па кога ќе биде подготвено предложете му да се вклучи.

Не покажувајте страв и вознемиреност, затоа што и детето ќе биде вознемирено.

Трудете се да не му пречите на детето во тренинзите. Најдобро е да не бидете присутни, затоа што ако сте таму детето ќе гледа во вас и вашата реакција, наместо да ужива во тренингот.

Сторете и Вие нешто убаво за вас – Cashback

Регистрирајте се! https://cbw.to/4d9crg

Повеќе за Cashback на следниов линк: Cashback world | Cashback – Враќање пари при секое купување

Cashback World | Cashback – Враќање пари при секое купување