Правилата на карминот 

1216

Сонот на секоја жена е да ја апсорбира вештината за нанесување на совршен кармин.

Еднаш направена идеална контура, и усните добиваат сосема поинаков изглед и го менуваат не само севкупното емитување, но и самодовербата.

Голем проблем е сознанието дека не само техниката на нанесување е одлучувачка. Исто така важна е и не толку добро селектираната боја која не одговара на комбинацијата очи-коса-кожа.

Токму поради оваа причина, кармините имаат некои правила кои никогаш не треба да се занемаруваат.

Ви ги претставуваме најважните моменти кои треба да ги имате на ум секој пат кога станува збор за козметичкиот производ.

1. Ексфолирајте и завршете со балсам за усни

Третирајте ги усните на ист начин на кој се однесувате кон лицето. Ексфолирајте добро и потоа хидрирајте со балсам за усни. Повторувајте ја постапката секојдневно.

2. Минимална шминка

Држете се до колку може помалку шминка. Секогаш е добар пристап да нагласите само на еден дел од лицето. Ако се обложите на смели усни, најдобро држете се далеку од сенките за очи и обратно.

3. Избегнувајте премногу сјај

Гламурозните честички во преголема количина можат да изгледаат кич и детски. Одберете кармин со кремаста текстура или мат финиш. Рефлексиите на светлината треба да доаѓаст од мекоста на производот и хидратантните пигменти, не од брокатот.

4. Изберете ја вистинската боја

Да ја најдете токму вашата боја на карминот е многу важен елемент. Различните нијанси стојат поинаку на секој човек. Токму поради оваа причина е добро да пробате неколку различни варијанти пред да купите кармин. Светлите црвени пигменти стојат добро на потемна кожа, а розовите и темни црвени се добар избор за светлата кожа.

5. Користете основа

Како што знаете, основата е овој волшебен козметички производ кој лесно ја засилува бојата и подобрува нејзината издржливост. Тој е добар начин и да креирате контраст. Ако немате добра основа, секогаш можете да го користите вашиот фон де тен (пудра).

Продолжува на страна 2