Педесетгодишниот Џејмс од Велика Британија ја купил русокосата Ејприл, секс робот, за 2.000 фунти и спие со неа четири пати неделно, додека неговата сопруга Тина се грижи за нејзината болна мајка.
Во документарниот филм што ќе биде емитуван следната недела на Channel 4, Џејмс вели дека со Ејприл спие и излегува на вечера, а луѓето често не ни забележуваат дека не е вистинска жена.
Тој признава дека не знае која би ја избрал кога би морал да бира меѓу секс куклата и сопругата, па вели дека е среќен што жена му му дала благослов за сексуална врска со робот.
Иако Тина истакнува дека на почетокот ѝ било тешко да ја сфати опседнатоста на сопругот со куклата, за некое време ја прифатила ситуацијата и вели дека ѝ е драго што не е во прашање друга жена.
„Да сакаше, можеше да најде некоја друга, ама не го направи тоа. Ми остана верен“, вели Тина.
Врската на Ејприл и Џејмс е овековечена во документарецот што го прикажува обидот на производителот да направи потполно функционален робот за секс: кукла која изгледа, се движи и зборува пореално од сите досега.
Џејмс веќе има фрлено око на робот од 8.000 фунти што се вика Хармони и на пазарот треба да излезе за неколку месеци.
Хармони е дело на инженерот Мет Мекмулен за компанијата „The Real Doll“ од Калифорнија.
Џејмс вели дека не знае како Ејприл ќе го поднесе тоа. Тој има длабоки чувства за неа и за него Ејприл е повеќе од секс играчка.
„Фантастично е, како да имаш секс со вистинска жена“, вели Џејмс.