Четири секојдневни навики кои ни го загрозуваат здравјето

121

Од лошите навики тешко се ослободуваме, а ситуацијата станува поалармантна кога ќе сфатиме дека сите тие навики ги применуваме секојдневно, речиси несвесни за опасноста која демне.

Според многубројни истражувања, ова се четирите секојдневни навики кои најмногу ни наштетуваат:

Консумирање индустриски сокови и процесирана храна

Соковите од продавница, дури и кога се 100% природни, се преполни со адитиви и конзерванси, за да се зачува свежината подолго. Тие, заедно со слатките и сувомеснатите производи, треба да се консумираат многу ретко, а најдобро е целосно да се исклучат од исхраната.

Пушење цигари

Пушењето убива и тоа го пишува на секое пакување цигари. Пушењето е поврзано со висока стапка на смртност, повеќе отколку која било друга навика. Може да предизвика рак, срцеви заболувања, проблеми со дишењето, хроничен бронхит, зголемен ризик за мозочен удар…

Предолго седење

Седечкиот живот лошо влијае и врз менталното и врз физичкото здравје. Иако многумина имаат канцелариска работа, препорачливо е да се занимаваат со аеробик или друга физичка активност која ќе го нормализира притисокот и ќе ве натера да се движите.

Пиење алкохол

Контролираното консумирање алкохол нема многу да ви наштети, но повеќе од една чашка на ден веќе претставува огромен проблем за вашето здравје.

Забелешка: Преземањето на оваа содржина е дозволено само ако го наведете изворот со задолжително линкување на нашиот домен и оригиналната статија!

Доколку сакате да прочитате повеќе содржини како оваа, препорачуваме да го посетите нашиот портал www.kukuriku.com.mk, а со лајк на нашата фан страна станувате дел нашето многубројно членство facebook.com/Kukuriku.mk/.