Научниците можеби нашле начин да ги реактивираат заспаните клетки во окото и да им го вратат видот на луѓето

729

Благодарение на новите научни истражувања, на повидок е решение за нова терапија која би можела да им го врати нормалниот вид на лицата со оштетен вид.

За милиони луѓе ширум светот, дегенеративното заболување на мрежницата е голем проблем, бидејќи клетките чувствителни на светлина во задниот дел на окото, наречени фоторецептори, умираат и не се регенерираат. Благодарение на новите научни истражувања, решението на тој проблем можеби не е далеку.

Канадските научници смислиле начин да ги трансформираат заспаните потпорни неврони, наречени Müllerови глијални клетки, во ткива кои работат како конусни фоторецептори, кои се неопходни за перцепција на бојата и визуелна острина. Процесот досега е тестиран само на клетки од глувци, но на крајот може да се развие во терапија која може да го врати видот на луѓето.

Müllerови глијални клетки

Дел од причината зошто Müllerовите глијални клетки се избрани за истражување е нивната способност да се репрограмираат кај некои животни. За жал, ова не е трик што овие клетки можат да го изведат и кај луѓето.

Интересно е тоа што овие Müllerови клетки се познати по тоа што ја реактивираат и регенерираат мрежницата кај рибите. Кај цицачите, вклучително и луѓето, овие клетки обично не го прават тоа по повреда или болест. Сè уште не разбираме целосно зошто, вели Camille Boudreau-Pinsonneault, невронаучник од University of Montreal и прв автор на новата студија објавена во научното списание PNAS.

Клучни гени

За канадската студија клучни се гените Ikzf1 и Ikzf4 и протеините произведени од овие гени. Овие протеини се познати како фактори на временски идентитет, за кои веќе е познато дека играат важна улога во развојот на клетките во разни други типови на клетки. Во студијата, Müllerови глијални клетки биле изолирани и култивирани пред да се репрограмираат со користење на различни фактори на временски идентитет, вклучувајќи ги Ikzf1 и Ikzf4. Овие фактори не ги трансформирале целосно глијалните клетки во конусни клетки, но тие презеле некои од потребните карактеристики за да функционираат како фоторецептори.

Додека глијалните клетки помагаат да се хранат, регулираат и организираат другите клетки во окото, научниците истакнуваат дека има доволно вишок за безбедно да се конвертира одреден број на потпорни клетки во клетки слични на фоторецептори, што е од клучно значење за визуелната острина и препознавањето на боите.

Се уште е рано, но…

Иако истражувањето се уште е во рана фаза, овој процес на крајот би можел да се прилагоди за употреба кај луѓето, без потреба од трансплантација на нови клетки. Откритието на канадските научници во иднина би можело да биде корисно и во лекувањето на мозочните заболувања, при можна замена на одредени неврони, кои се оштетуваат со репрограмирање на други видови клетки.

Научниците имаат уште многу работа, но ова е ветувачки почеток. Канадските научници сакаат подетално да ги разгледаат механизмите вклучени во оваа клеточна трансформација и да истражат начини на кои таа би можела да биде уште поефикасна.

Можеби еден ден ќе можеме да ги искористиме клетките кои вообичаено се присутни во мрежницата и да ги поттикнеме да ги регенерираат ретиналните клетки изгубени поради патолошки состојби и да го вратат видот, заклучува Ajay David, PhD student at the University of Montreal.

Забелешка: Преземањето на оваа содржина е дозволено само ако го наведете изворот со задолжително линкување на нашиот домен и оригиналната статија!

Доколку сакате да прочитате повеќе содржини како оваа, препорачуваме да го посетите нашиот портал www.kukuriku.com.mk, а со лајк на нашата фан страна станувате дел нашето многубројно членство facebook.com/Kukuriku.mk/.