Начинот на кој го насочуваме нашето внимание го одредува нашиот личен магнетизам. Веројатно сте забележале дека некои луѓе едноставно “зрачат”.
Нивниот начин на размислување, самодовербата, верување во реализацијата на сопствените идеи, го обликува изразот на лицето и ја одредува позицијата на телото. Ова зрачење, магнетизмот, е како пророштвото кое се самореализира.
Оние кои успеваат во животот, во просек, не се попаметни или поталентирани од оние кои не успеваат. Она по што се разликуваат од многумина е насоченоста и способноста за концентрација.
Ако не развиваме свесност за своите внатрешни состојби, низ животот нѐ водат емоции и себични желби. Таквата вознемирувачка состојба го попречува протокот на мислата и акциите се чинат хаотични. Некој кој во еден миг би читал некоја книга, во друг момент би јадел, а во трет би излегол на кафе, ништо нема да прави со задоволство – фокусирано, концентрирано, присутно. Причините за таков ментален неред често се од емоционална природа. Потиснатиот бес, тага, сексуалната желба, ниско самопочитување, проблематичните семејни односи се причините кои го попречуваат протокот на мислата. И ако ние не сме во состојба да се фокусираме на цел или идеја, да започнеме да размислуваме за себеси како за личност со слаб карактер која не е во можност да го води сопствениот живот, тогаш на другите им дава простор да водат и да донесуваат одлуки за нас.
Знак за слаба волја не е само неможноста да се фокусира вниманието на нешто, туку и неспособноста на повлекување на вниманието. На пример, многу амбициозни луѓе се опседнати со работата и едноставно не знаат како да запрат. Често, таквата опсесија е знак да се избегне соочувањето со себеси. Адреналинската амбициозност која човекот го лишува од неговиот внатрешен мир по некое време, почнува многу да го троши што почнува да прави грешки и на професионален план. Секој човек работи најдобро кога неговата концентрација произлегува од внатрешниот мир, а за тоа, освен изострен надворешен, потребно е да се има јасен внатрешен фокус.
Повеќето луѓе во главата имаат бучава. Рој автоматски мисли кои се само нижат: Дали го нахранив кучето, Денес одам на пазарување; Зошто ми рече ова и она, Да, да би требало да ја посетиме баба, Шефот ми кажа: “Ова не е добро, и јас неа “Што повторно не е во ред ” … Можеме да одиме на море и на планина, но не можеме да бегаме од нашата глава. Најдлабок и најтемелен одмор е одмор од сопствените мисли. Би било лесно кога би имале во својот ментален склоп копче вклучи / исклучи. Кога би го исклучиле умот кој копа по минатото и шпекулира за иднината, би можеле да бидеме пристни во реалноста која е секогаш тука и сега.
Н О В О !!!
Бидете и вие дел од фамилијата на my World
Регистрирајте се! https://cbw.to/4d9crg
Повеќе за Cashback на следниов линк: Cashback world | Cashback – Враќање пари при секое купување