СРУШЕН Е МЕДИЦИНСКИ МИТ | Ракот пред сè е метаболичко нарушување, а НЕ генетски наследна болест

2128

Многумина од нас се под погрешен впечаток дека добивањето рак е случај на лоша среќа, и дека малку можеме да направиме за да ја спречиме оваа смртоносна болест.

Вистинате е, сепак, сосема поинаква, и лежи во тоа што голем број на карциноми можат да се избегнат со едноставни промени во начинот на живеење, како што се: одржување здрава телесна тежина, да не се пуши, да се пие алкохол во умерени количества, редовно да се вежба и да се јаде органска и природна храна.

Но, што е со ракот кој е запишан во нашите гени? Нели ли е вистина дека постојат некои видови на рак, кои се предизвикани со специфични мутации на гените, правејќи одредени семејства чувствителни на болести и скоро неизбежно предизвикуваат рак?

Иако е јасно дека научниците ги идентификувале мутациите на одредени гени како што се гените BRCA1 и BRCA2, кои означуваат дека постои предиспозиција кај одредени жени да добијат рак на дојка, јајници и други видови, новата студија објавена во магазинот Oncotarget, неодамна утврдила дека ракот на дојка пред се е метаболичко нарушување, а не генетска болест.

Одземањето на хранливи супстанции на клетките е клучен процес за развој на ракот

Истражувањето е спроведено од страна на меѓународниот тим од 35 истражувачи од 17 истражувачки установи лоцирани во Европа, Бразил и САД, и во истражувањето биле вклучени повеќе од 1.200 волонтери.

Веќе неколку децении научниците се уверени дека клетките на ракот се метаболитички различни од другите клетки, но пред да се тестираат со масената спектрометрија – која им овозможува на истражувачите прецизно да анализираат, мерат и квантифицираат материи пронајдени во крвта – не било можно да се докажат нивните теории.

Тимот со помош на масена спектрометрија ги измерил неверојатно малите количества на аминокиселини, шеќери и липиди во крвта кај пациенти со рак и на контролните субјекти.

Тие биле во можност со 95 процентна точност да идентификуваат одреден метаболички “потпис” кај пациенти заболени од рак. Тоа укажува на тоа дека пациентите со рак на дојка ги доживуваат метаболичките промени кои ги “предиспонираат” на развој на болеста.

Во основа, истражувачите откриле дека ракот се развива, затоа што канцерогените клетки користат енергија на друг начин од нормални, здрави клетки.

Robert Nagourney, главен автор на студијата, објаснил: “Ова упатува на тоа дека ракот не е генетичка болест која произлегува само од мутациите, како што сите сме биле учени, туку наместо метаболичката состојба која се развива под стрес за отстранување на целуларните хранливи материи.”

И додаде: “Клетките кои не можат да генерираат доволно енергија поради недостиг на кислород, шеќер или протеини, што е заедничко за многу видови на рак, ги користеле изменетите метаболички патишта за да го обезбедат својот опстанок. За жал, тие размени кои ги спроведуваат клетките на ракот одат на сметка на пациентот.”

Тоа укажува на тоа дека, наместо да го поттикнуваат генетските мутации, ракот на дојка се развива кога клетките позајмуваат мутирани патишта на исхрана како резултат на ограничување на нивното нутритивно снабдување со храна.

А тоа е сериозно предупредување дека ракот е уште повеќе поврзан со исхраната, со контролата на тежината и животниот стил отколку што претходно се мислело.

Истражувачкиот тим смета дека студијата нуди нова надеж за превенција и рано дијагностицирање на рак на дојка. Во моментов, повеќе од четвртина милиони американски жени го имаат дијагностицирано ова заболување секоја година, што резултирало со над 40.000 смртни случаи годишно.