Сочувајте го својот живот, но и животот на другите | Кога колата ќе почне да ви се лизга, само направете го ова

143

Кога се возите со безбедна брзина на снег или мраз (под 70 километри на час), тогаш избегнувајте ненадејно сопирање, забрзување или најмали ненадејни свртувања, тогаш нема да имате премногу проблеми на патот.

Поради само една работа што редовно ја правите во автомобилот, трошите повеќе бензин.

Колку брзината ви е поголема, толку ќе ви биде потешко да го исправите автомобилот ако почне да проклизува по снегот или мразот. Повеќето од овие ситуации се случуваат кога брзината е поголема од 70 километри на час и тогаш е неопходно да се реагира брзо и прецизно, а тоа понекогаш за просечниот возач може да биде тешко изводвило.

Ако сакате да го спасите животот и автомобилот во такви ситуации, мора да ги почитувате овие правила:

1. Не кочете

Кочењето е една од најголемите грешки што ги прават возачите кога одат на патот. Тоа не само што ќе доведе до лизгање на автомобилот, туку може дури и да го влоши.

За да го поправите автомобилот, потребно е тркалата да можат слободно да ротираат.

2. Свртете ги тркалата во насока на лизгањето

Веднаш свртете ги предните тркала во иста насока во кој задниот дел од автомобилот се лизга. Ако задниот дел од автомобилот се занесе и се лизга надесно, свртете го воланот надесно. Додека автомобилот се исправа, исто така исправете го воланот.

3. Не го исправајте премногу автомобилот

Ако одеднаш и претерано го свртите автомобилот, тој ќе продолжи да се врти со полна брзина.