Грејпфрут – својства

1583

Веројатно сте слушнале дека Грејпфрутот има многу корисни својства за организмот.

Знаеме дека тој е богат со витамин Ц, што го зајакнува имунолошкиот систем. Знаеме исто така дека Грејпфрутот помага во слабеењето, но не знаеме уште многу други работи!

Силен e против стареење

Грејпфрутот го содржи антиоксидантот ретинол. Тој е активна состојка на бројни антистареечки креми. Тој ги пегла фините линии и брчки. Помага за регенерација на клетките и ги обновува.

Помага во слабеењето

Слабеењето секогаш е полесно кога имате помошник близина. Таков е грејпфрутот. Киселините во него ја потиснуваат гладта. Флавоноидот нарингин го забрзува метаболизмот, што во прилог го прави слабеењето уште полесно.

Се намалува себумот

Грејпфрутот го отстранува вишокот кај мрсната кожа и ја прави подобро хидрирана. Неговиот сок има адстрингентна акција на порите што по природен пат ја ограничува секрецијата на масните клетки.

Ја зајакнува косата

Грејпфрутот е корисен и за косата , бидејќи тој ја прави поздрава и полна живот. Витамин Ц и А, кои се содржат во него се многу моќно средство за борба со оштетувањето на косата. Покрај тоа Грејпфрутот е природен начин за осветлување на косата.

Го намалува холестеролот

Истражувањата покажуваат дека Грејпфрутот влијае на нивото на холестерол. Потрошувачката на еден грејпфрут секој ден во текот на месец го намалува холестеролот со повеќе од 15%. Тоа го прави неверојатно корисен за кардиоваскуларниот систем.

Го отстранува првутот

Освен против хендикеп по косата, грејпфрутот е корисен и против првут. Првутот се предизвикува од габи на скалпот. Маската со свеж сок од грејпфрут го намалува првутот и го ублажува чешањето.