Бисексуалците луѓе често пати имаат полошо здравје од тоа на луѓето со хомосексуални склоности.
Ова го покажува истражувањето на Универзитетот “Рајс” во Хјустон, Тексас, според коe тоа да си “малцинство во малцинството” може да доведе до зголемена тензија.
Истражувањето, цитирано од списанието “Attitude”, одразува информации собрани од 10 128 хомосексуални луѓе и 405 145 хетеросексуални. Тоа исто така покажува дека освен лошо здравје, бисексуалците луѓе страдаат и од влошениот социо-економски статус во општеството.
Според податоците 19,5% од бисексуалците мажи и 18,5% од бисексуалците жени го одредуваат општото здравје како лошо. За разлика од ова помал дел од хетеросексуалците мажи (14,5%) и хетеросексуалците жени (15,6%) сметаат така.
Во исто време, сепак, луѓето кои преферираат партнери од својот и од спротивниот пол има помала веројатност да учат во колеџ и да добиваат плата над 25 000 долари годишно.
“Нашето истражување ја покажува важноста на тоа да се гледа здравствената состојба на луѓето од индивидуалните сексуални малцинства, а не меѓу сексуалните малцинства како целина, бидејќи здравствените профили на бисексуалните возрасни значително се разликуваат од оние на хомосексуалците и лезбејките”, рече проф. Бриџит Горман , еден од водечките научници на истражувањето.
Преземањето на оваа содржина е дозволено само ако го наведете изворот со задолжително линкување на нашиот домен и оригиналната статија!
Доколку сакате да прочитате повеќе содржини како оваа, препорачуваме да го посетите нашиот портал www.kukuriku.com.mk, а со лајк на нашата фан страна станувате дел нашето многубројно членство facebook.com/Kukuriku.mk/.