Придобивките за здравјето од маслиновото масло

961

Екстра вирџин маслоновото масло е извор на здравје и убавина. Грција троши повеќе маслиново масло од која било друга земја (околу 26 литри по глава на жител годишно), а познато е дека медитеранската кујна носи помал ризик од малигни, срцеви заболувања, или појава на Паркинсовата или Алцхајмеровата болест.

Неодамна списанието „Њујорк Тајмс“ објави дека жителите на грчкиот остров Икарија едноставно „заборавиле“ да умрат.

Центарот за хемиски сензори Монел покажа дека ибупрофенот и „EVOO“ имаат ист анти-воспалителни својства и покрај тоа што тие сусптанци кои ги сочинуваат се потполно различни. Полифенолите во нив, делуваат на исти рецептори во задниот дел на грлото, така што се случува да луѓето имаат чувство на глицкање додека го голтаат маслиновото масло.

Масло од маслинови коронеки, најмногу содржи полифенол, кој е користен и во третманите за разубавување на кожата и косата.

Точката на загревање на екстравирџин маслото е на речиси 400 степени целзиусови, додека на пример, маслото од реп почнува да се разложува на 200 степени. Точката на загревање на маслото произведува отрвоен дим и штетни слободни радикали.

Полно е со здрави масти

Ако имате рецепт кој бара употреба на масло или путер, можете едноставно да го замените со маслиново масло. Наместо наведената количина путер, на пример, употребете ¾ маслиново уље и ќе ја намалите калоричната вредност, заситените масти и лошиот холестерол.

Преземањето на оваа содржина е дозволено само ако го наведете изворот со задолжително линкување на нашиот домен и оригиналната статија!

Доколку сакате да прочитате повеќе содржини како оваа, препорачуваме да го посетите нашиот портал www.kukuriku.com.mk, а со лајк на нашата фан страна станувате дел нашето многубројно членство facebook.com/Kukuriku.mk/.