Британскиот портал Mirror предизвика големо внимание со тоа што во текот на оваа година се оствариле бројни морничави пророштва на Баба Ванѓа (1911-1996), наводниот бугарски мистик и исцелител.
Без никакви докази или референци, порталот тврди дека „Европа може да се соочи со зголемен број терористички акции, додека „длабоката држава“ би можела да се вклучи во тестирање на биолошко оружје во наредните години“.
Понатаму, Mirror тврди дека „Баба Ванѓа е позната по нејзиното прецизно гатање“ и дека „направила неколку страшни предвидувања за можниот почеток на Третата светска војна, кои изгледаат уште пострашно по ескалацијата на конфликтот меѓу Израел и Иран минатиот викенд.”
„Нејзините предвидувања за 2024 година сугерираат дека би можело да произлезе поширок конфликт од првичната битка меѓу Израел и Хамас, која избувна на 7 октомври 2023 година, кога Хамас го нападна јужен Израел и уби 1.200 луѓе“, пишува Mirror.
Предвидување на Третата светска војна
„Актуелната криза на Блискиот Исток ги натера светските лидери на работ на нивните места, надевајќи се дека најновиот чин на агресија на Иран нема да предизвика регионална војна – или уште полошо, Трета светска војна. Исто така, постои загриженост за можниот одговор на Израел на масовниот воздушен напад на Техеранво текот на викендот, на кој Израелвети дека ќе возврати.
Распоредувањето на самоубиствени беспилотни летала, балистички ракети и ракети од страна на Иран, од кои повеќето биле соборени од авиони на САДи Велика Британија, ги поттикна дискусиите за Третата светска војна на социјалните мрежи. Невидениот воздушен напад е како одмазда за воздушниот напад на 1 април врз иранскиот конзулат во Дамаск, Сирија, за кој се сомневало дека е извршен од Израел“, пишува Mirror.
Речиси очекувано, покрај Баба Ванѓа, Mirror се повикува и на предвидувањата на францускиот астролог Nostradamus (1503-1566), за кого тврди дека „ја предвидел поморската војна на црвениот непријател во 2024 година“, која, според толкувањето на тој британски портал, се осврнува на „дополнителните растечки тензии меѓу Кина и Тајван и неодамнешната борба против пожарите долж бродските рути во Црвеното Море“.
„Што се однесува до самата 2024 година, Баба предвидела катастрофа и болка, зголемување на терористичките напади во Европа, сеопфатна економска криза со тешки глобални последици и катастрофални климатски настани со скокови на радијација и прилив на сајбер напади врз критичната инфраструктура“. пишува Mirror.
Еден куп глупости
Важно е да се истакне дека Вангелија Пандева Гуштерова била полуписмена и дека знаела да чита Брајово писмо на српски. Во 1960-тите, главната задача на новооснованиот Институт за сугестологија била да ги проучува нејзините наводни способности. Според поранешниот колумнист на „Journal Metro“, Jeff Yates, нема пишана евиденција за нејзините наводни предвидувања, но нејзините следбеници често ѝ ги припишуваат предвидувањата.
Исто така, многу луѓе кои ѝ биле блиски изјавиле дека таа никогаш не дала ниту едно од предвидувањата што и се припишуваат.
Што се однесува до Nostradamus, во своето дело „Пророштва“ тој составил збирка на големи, долгорочни предвидувања. Првото продолжение било објавено во 1555 година и содржи 353 катрени. Третото издание, со триста нови катрени, се вели дека било отпечатено во 1558 година, но сега преживеало како само дел од омнибусот објавен по неговата смрт во 1568 година.
Таа верзија содржи еден неримуван и 941 римуван катрени, групирани во девет групи од 100 и еден од 42 катрени, наречени „Centuries“.
Со оглед на тогашната практика на печатење (која го вклучува и распоредот на буквите), ниту едно издание не се покажало како идентично, а релативно ретко може да се најдат дури и два сосема исти примероци.
Сигурно нема оправдување да се претпостави, како што често тврдат таканаречените „код-кршачи“, дека правописот или интерпункцијата на кое било издание е оригиналот на Nostradamus.
Неверојатно е што светските медиуми сè уште пишуваат еден куп глупости за наводните предвидувања на Баба Ванѓа, Nostradamus и слични „пророци“ и „гледачи“.