Во овој град дозволиле секс на улица | Полицијата нека се занимава со посериозни работи

725

Сексуалните односи во јавноста не се секојдневна појава во Гвадалахара или на друго место во Мексико, но многу млади луѓе кои живеат со своите родители, во возрасниот период, немаат приватност дома и немаат пари да плаќаат за сместување во мотел или хотел.

Вториот по големина град во Мексико донесе бизарен закон, односно го измени постоечкиот и го попречи процесот на полициската активност на места како што се паркови, дрвореди, забавни објекти и автомобили, со наредба од градоначалникот да во ситуација на секас на јавни места – гледаат на друга страна.

Според измените на Законот за полиција донесен во август минатата година, јавните сексуални дела и понатаму се административни прекршоци, санкционирани со парична казна или краток притвор, но случаите не можат да се казнуваат, ако не ги пријави трето лице.

– Единствена ствар што сме ја додале е дека полицијата може да приведе сторители на кривични дела во однос на барањата на граѓаните, рече Guadalupe Morfin, градоначалничка, која ја предложила мерката. Morfin тврди дека тоа ќе ја намали корупцијата во полицијата и ги пренасочила службениците на потешки кривични дела.

Livier Martinez од Конзервативната партија на национална акција, единствениот член на советот кој гласаше против, тврди дека постојат и други начини за борба против корупцијата.

Сексуалните односи во јавноста не се секојдневна појава во Гвадалахара или на друго место во Мексико, но многу млади луѓе кои живеат со своите родители, како возрасни, немаат приватност дома и немаат пари да плаќаат за сместување во мотел или хотел.

Всушност, не постојат веродостојни статистички податоци кои би укажале колку е вообичаен сексот во јавноста, делумно затоа што таквите случаи речиси никогаш не влегле во судскиот систем, наводно, затоа што прекршителите ги подмитувале полицајците за да го избегнат патот до станицата, пренесува австралиски News.