Пресметавме колку една жена троши пари во животот на менструација (и излегува многу)

1194

Покрај влошки, потребни се лекови против болки, но и за слатки.

За време на менструацијата, барем во своите почетоци, повеќето од жените мислат само на болката и кога конечно ќе заврши. Но менструацијата жената во текот на животот многу ја чини. Хафингтон пост (The Huffington Post) ја пресметал бројката за жените во Америка, а ние одлучивме да пресметаме за жените во Македонија.

Со цел да се добие вистинскиот одговор, се поведувавме по некој просек. Така што сметајќи дека менструацијата трае од три до седум дена ние земамвме просек од пет дена. Жените, во просек имаат 11 до 13 менструации во годината, некои жени имаат помалку. Ние земавме пресек, односно 12 менструации во годината. Повеќето жени имаат менструација на возраст од 13 до 51 година од животот, а тоа значи дека имаат околу 456 менструални циклуси во 38 години.

Ова би значело дека 2.280 дена од животот имаат менструација или на неа губат 6,26 години од животот.

Разликата е во тоа што користите тампони или влошки

Сем влошки, тампони и лекови за ублажување на болка во оваа пресметка на списокот се и слатките и грицките кои повеќето од жените, кои во текот на ПМС, не можат да им одолеат.

Кога сѐ собравме, дојдовме до многу неверојатна бројка, која се разликува само во тоа што една жена користи тампони или влошки. Оние кои трошат тампони, на менструација трошат околу 3.300 евра, а ако користат влошки оваа бројка е повисока, околу 3.800 евра.

Тампони – 2.350 евра

Во животот се трошат околу 13.680 тампони

Иако постојат и други опции, една неодамнешна анкета покажа дека 70 отсто од жените користат тампони. Во согласност со упатствата треба да се менуваат на 4 до 8 часа. Но, повеќето од жените се склони кон почеста замена – на секои четири часа. Кутија тампони ОБ нормал содржи 32 тампона и чини околу 5.7 евра.

Ако тампонот се менува на секои четири часа, тоа се шест парчиња дневно. Ако менструација трае пет дена, тогаш се трошат 30 тампони. Во животот во просек има 456 менструации, што значи дека сѐ вкупно се трошат 13.680 тампони, што е 427 и пол кутии. Така доаѓаме до бројка која се троши во животот на тампони, а тоа е – 2.350 евра.

Влошки – 3.000 евра

Во животот се трошат околу 13.680 влошки

Во просек потребни се шест влошки на ден, пакет од 12 парчиња влошки чини околу 2.60 евра. Жените трошат 30 влошки по менструација. За 456 менструации потребни се 13,680 влошки, а ако една влошка чини 0.21 евра, сѐ вкупно изнесува – 2.800 евра.

Лекови против болки – 470 евра

Шест таблети се пијат во текот на една менструација

Цена на една кутија апчиња против болка чини 3.5 евра, а содржи 20 таблети. Сметавме дека во менструалниот циклус апчињата се користат првите три дена, а во просек се пијат две таблети на ден.

Ова значи дека по еден менструален циклус во просек се потребни шест апчиња. На 456 циклуси одат 2,736 таблети, што доведува до износот од околу 480 евра.

Слатки и грицки – 364 евра

Во ПМС треба да се јаде чоколадо

Повеќето жени за време на ПМС имаат зголемена потребата за слатки или грицки. Се разбира, секогаш постојат оние кои немаат симптоми на вакви потреби и блазе си им. Но, просечна жена за време на тие денови не може да одолее на слатки и грицки. Ние не сакавме да претеруваме, па земавме во просек дека една жена по менструален циклус јаде едно чоколадо или еден чипс. Најевтиниот чипс или помало чоколадо чини околу 0.80 евра, и дојдовме до бројка од 364 евра.