Причини поради кои жените избираат погрешни мажи

1737

Зошто жените избираат погрешни мажи? Психолозите наведуваат дека проблемот не е во мажите туку во самите жени и нивните избори.

Престанавте да верувате во љубовта

  • После неколку разочарувачки врски, лесно е да се помисли дека љубовта е само маркетиншки трик кој се продава за Денот на вљубените. Ако сте во фаза кога мислите дека љубовта не постои, лесно ќе паднете на некој лошо момче, затоа што ќе бидете уверени дека и така е сеедно.

Не се трудите да го добиете тоа што го сакате

  • Некои девојки ќе направат се за да го добијат дечкото кој совршено им одговара, а некои ќе се помират со судбината и нема да се трудат. Ако мисилите дека лошо момче е се што заслужувате, тогаш тоа и ќе го добиете.

Мислите дека можете да го промените „лошото“ момче

  • Некои жени секогаш ќе бидат во врска со мажи кои не ги почитуваат и секогаш ќе се трудат да ги променат. Наместо да се бара начин неверниот маж да го претвори во верен, обиди се да најдете друг маж кој е верен.