Споменик на грузискиот херој од Втората светска војна е поставен во Тбилиси | Фото

43

Споменикот на грузискиот наредник Мелитон Кантарија е официјално поставен на 10 мај 2016 година во еден од парковите во Тбилиси.

Мелитон кој служел во Советската армија за време на Втората светска војна (Грузија во тоа време била дел од Советскиот сојуз) бил заслужен за кревањето на советско знаме над Рајхстагот на 30 април 1945 година, заедно со м-р Јегоров, што ја означило победата над нацистите во Германија.

Автор на споменикот на грузискиот наредник, кој се смета за херој на Советскиот сојуз, е Роман Шерозија. Одлуката за поставување на споменикот е одобрена од Градското собрание на Тбилиси и Министерството за култура и заштита на споменици на Грузија.

Кантарија и Јегоров

Ветеранот на Втората светска војна Мелитон Кантарија починал во 1993 година на 73-годишна возраст.

На 9 мај, во Грузија традиционално се одржуваат разни манифестации по повод победата во Втората светска војна.