Зборувате сами со себе? Тогаш не сте луди, вие сте натпросечно интелигентни

364

Дали и вие сте едни од оние луѓе кои постојано разговараат со самите себеси? Дали оваа навика ви помага подобро да се концентрирате и фокусирате на својата работа? Или пак, можеби со зборувањето поттикнувате развој на брилијантни идеи, како и подобро завршување на вашите секојдневни обврски? Дали и сега, додека го читате овој пост, мрморите нешто тивко?

Доколку одговорот на овие прашања е позитивен, тогаш според психолозите имате натпросечна интелигенција!

Психологот истражувач, Гери Лупјан, заедно со неговиот тим, спровеле експеримент во кој учествувале 20 волонтери. Нивната задача биле да запомнат листа со предмети од супермаркет и потоа истите да ги пронајдат. Пред да почнат, половина од нив добиле инструкција да ги повторат гласно дадените имиња на предметите, додека другата половина молчеле.

На крајот, резултатот покажал дека луѓето кои ги изговарале гласно имињата на предметите многу полесно ги пронаоѓале во однос на другите.

– Често си мрморам самиот кога барам нешто на полиците во супермаркетите – вели Гери. „Токму ова искуство и ме поттикна да го спроведам овој експеримент.“

Благодарение на спроведеното истражување и добиените резултати, групата психолози дошле до разбирање зошто оние кои зборуваат со самите себеси имаат натпросечна интелигенција. Еве што откриле тие…

1. Стимулирање на вашето помнење

Кога разговарате со самите себеси, вашиот механизам на сетила се активира. На тој начин многу полесно помните бидејќи можете да ги визуализирате овие зборови и да делувате во склад со нив.

2. Помош при задржување на фокусот

Кога размислувате гласно, вие останувате фокусирани на својата задача, а тоа ви помага веднаш да ги препознавате важните нешта. Ова е особено од помош кога барате нешто.

На пример, доколку барате банана во супермаркет, кога гласно го изговарате ова овошје, вашиот мозок одма создава слика во вашиот ум и несвесно побрзо ве води кон неа во реалноста.

3. Помош при расчистување на мислите

Секој од нас има различни видови мисли. Повеќето од нив имаат смисла, додека пак остатокот не. Да кажеме дека сте лути некому, и дека се чувствувате толку бесно што мислите дека би можеле да ја повредите оваа личност.

Доколку сакате побрзо да се смирите, едноставно затворете се во вашата соба и разговарајте со самите себеси.

На тој начин брзо ќе се решите од лутината и постепено ќе се смирувате. Вашите мисли ќе се расчистат и ќе се насочат само кон оние нешта кои се навистина важни, давајќи ви сосема нова смирена перспектива.