Зошто жената треба да доминира во сексот

1477

Постојат многу самоуверени жени кои се чувствуваат удобно да ги поведат работите во спалната соба и генерално да доминираат во односите со партнерот.

Има, меѓутоа, и дами кои се многу срамежливи, несигурни и / или самосвесни во кревет и не смеат “да го преземат воланот” за време на секс.

Некои претставнички на понежниот пол едноставно се старомодни и преферираат да остават саканиот да биде главен играч во љубовната игра.

Ако вие сте во втората категорија, видете зошто вреди да се проба да ги замените улогите со партнерот барем за време на интимните моменти меѓу чаршафите.

Еве 5 причини кои ќе ве убедат дека преземањето на контрола во спалната вреди:

1. Ќе ги контролирате нештата

Кога вие ги диригирате потезите за време на секс, логично ќе ги наведете работите така што да ќе добивате најголемо задоволство. Тоа не е ли прекрасно? Наместо секој пат да чекате партнерот сам да го предизвика вашето тело и вашите ерогени зони, тогаш вие можете да му ги покажете. Во исто време ќе можете да ги извадите од главата на вашиот омилен некои секс потези и идеи кои навистина не ви се допаѓаат.

2. Ќе го засакате сексот уште повеќе

Се разбира, ако сте послушни во кревет и секогаш ги следите желбите на партнерот, вие можеби останувате незадоволни во некои случаи. Ако сепак вие ја превземете контролата во креветот, одеднаш ќе се чувствувате многу подобро.

Продолжува на страна 2