Револуционерни стаклени керамиди за соларно греење | Фото/Видео

5157

Ако сте во потрага за елегантни системи за греење во домаќинството, дефинитивно треба да го погледнете последното решение на компанијата “SolTech System”, наградено како револуционерно решение кое ја интегрира соларната енергија во секоја зграда или објект.

За разлика од традиционалните керамиди направени од бетон или глина, овие керамиди се направени од стакло, што овозможува поминување на светлината до површината на апсорпција под кровната конструкција, што пак понатаму генерира така добиена енергија и ја интегрира во постоечките системи за греење или електричната мрежа на зградата. Главната предност на овој систем е во тоа што не бара силно сончева светлина за да функционира, што значи дека генерира енергија дури и при облачни денови.

Целиот систем работи, така што стаклените керамиди овозможуваат светлината да помине до специјалниот абсорбирачки материјал кој е под керамидата и со тоа да ги апсорбира сончевите зраци. Под апсорбирачкиот материјал се наоѓаат специјални цевки, кои го формираат столб каде што воздухот се загрева и циркулира низ патентираната технологија, а така собрана енергија потоа се насочува во стамбениот објект, и се интегрира со постоечкиот систем за греење на куќата или зградата, што е уште една голема предност.

Тоа значи дека не треба целосно да го смените начинот на кој досега сте се греале, туку дека со додавање на овој систем ќе ја намалите потрошувачката на енергија што ја плаќате, а со тоа и ќе ги намалите и сметките. Системот може да се поврзе и со постоечкиот енергетски системи врз база на вода или воздух, а со неговото вградување добивате сопствен извор на енергија, што значи дека помалку ќе се грижите поради зголемувањето на цените на енергијата и скапите сметки за електрична струја.

Постојат вкупно четири типа на системи достапни за овој тип на соларно затоплување, а сите детали за нив можете да ги дознаете на веб-сајтот на компанијата SolTech System.