Родена е како сирена, ѝ давале 72 часа живот | Чуда се случуваат – еве како денес изгледа оваа необична девојка! Видео

4660

Милагрос Керон (13) е родена со необична аномалија позната како сиреномелија, или “синдром на сирена”.

Но, нејзиниот живот бил далеку од бајка. Девојчето е од сиромашно семејство и оддалечено село на Андите.

Кога била родена со нозете целосно споени од петите до полниот орган, лекарите на Милагрос не ѝ давале речиси никакви шанси за преживување. Нејзините слики го обиколиле светот и предизвикале и чудење и сожалување.

“Стапката на смртност кај новороденчињата со ова нарушување е многу висока. Бебињата со овој синдром умираат во првите 72 часа по раѓањето”, вели хирургот Луис Рубион, лекар благодарение на кој Милагрос денес е жива, здрава и оди.

Милагрос е една од трите случаи во светот кои ја преживеале сиреномелијата. Девојчето имало дури 13 операции, а во 2012. година и трансплантација на бубрег.

Д-р Рубион успеал со својот тим да ѝ ги оддели нозете и да ѝ овозможи да оди. Снимката која го покажува моментот кога за првпат застанала на нозе и нејзиното заминување во градинка ја виде целиот свет.

Девојчето наполнило 13 години и ја покажа своја храброст и упорност да успее. Таа оди на часови по танц кои ги обожава. Милагрос ја чекаат уште хируршки зафати, иако денес живее речиси како секое здраво дете.

Кога ќе наполни 18 години, ќе треба естетскиот хирург да ѝ ги исправи колената и полните органи. Потоа, сите се надеваат дека Милагрос ќе живее сосема нормален живот.

Третманот и бројните операции не би биле можни ако не биле финансиски поддржани од државата, бидејќи родителите на Милагрос се крајно сиромашни.

Teimporta.com