На луѓето ќе им се пресадува 3D печатено срце | Видео

1977

Технологијата на 3D печатење напредувала до таква мерка што е можно да се изгради цела една куќа за само 24 часа, а со користењето на истата технологија не е невозможно да се направи човечко срце, докажале научниците од Универзитетот во Тел Авив.

Истражувачите објавиле дека отпечатиле 3D васкуларизирано срце направено од ткиво на пациент – достигнување кое на Универзитетот во Тел Авив е најавено како “голем медицински пробив”. Професорот Тал Двир, кој го предводел проектот, објаснил дека научниците до сега ја “печателе” само структурата на срцето, но дека ова е прв пат некој да го направи целото срце – со клетки, комори, предкомори и крвни садови. Срцето кое научниците го отпечатиле е помало од 3 см, со крвни садови кои се видливи.

Истражувачкиот тим ја објави целата процедура за “печатење” на срцето во научниот магазин “Напредна наука”. Тие објасниле дека земале биопсија на масно ткиво од пациенти, ги репрограмирале клетките на тоа ткиво и обработиле екстрацелуларни молекули во хидрогел прилагоден на пациентот. Потоа ги измешале клетките и хидрогелот за да создадат таканаречени “био-бои” за срцеви закрпи, а потоа целото срце.

Професорот Двир вели дека е потребно околу три часа да се одпечати “мини-срце”, а на клетките им треба уште еден месец да созреат и да станат способни да пумпаат, рече проф. Двир. За производство на срца, кои би биле со големина на човечко срце, потребна е истата технологија, но значително повеќе време.

За да се започне со трансплантација на вака направени органи за луѓето, истражувачите прво мора да ги тестираат на животни. Универзитетот во Тел Авив соопштил дека органите отпечатени со 3D технологија целосно ќе одговараат на анатомијата на пациентите, па поради тоа ќе се исфрлат од употреба лековите против отфрлање на органи, а листите за чекање за трансплантација на органи ќе одат во заборав.

“Можно е за 10 години во болниците ширум светот да поседуваат 3D печатари, па овие постапки ќе се спроведуваат рутински”, вели д-р Двир.