Секојдневната употреба на канабис може да доведе до психоза

148

Легализацијата на марихуаната, како за медицинска така и за рекреативна употреба, продолжува да се шири низ светот, иако евентуалните здравствени ризици (или бенефити), не се во целост познати.

Според ново истражување, луѓето кои секојдневно користат канабис имаат трипати поголема веројатност за развивање на психотични пореметувања, во однос на луѓето кои не користат.

Истражувањето објавено во вторникот во магазинот “Lancet Psychiatry”, изнесува нови докази кои се поклопувале со претходни експерименти, кои исто така укажувале дека големата употреба и високата концентрација на ТХЦ во канабисот, може да биде штетна за менталното здравје.

– “Психотичното пореметување е токму она што беше предмет на проучување. Зборуваме за луѓе кои ги исполнуваат категориите за ваква дијагноза и кои ги контактираат службите за зачувување на менталното здравје, за да добијат адекватен третман за психоза. Значи, имале симптоми на психоза од поширок спектар, вклучувајќи и халуцинации кои траеле најмалку седум дена”, изјавила докторката Марта Форти, автор на споменатото истражување.

Забелешка: Преземањето на оваа содржина е дозволено само ако го наведете изворот со задолжително линкување на нашиот домен и оригиналната статија!

Доколку сакате да прочитате повеќе содржини како оваа, препорачуваме да го посетите нашиот портал www.kukuriku.com.mk, а со лајк на нашата фан страна станувате дел нашето многубројно членство facebook.com/Kukuriku.mk/.