Правилата на карминот 

1219

Карминот сигурно е еден од козметичките производи кои секоја жена ги поседува.

Без разлика дали сакате да носите шминка или не, вие сигурно знаете каква е моќта на карминот и како е способен да го смени целокупниот изглед.

Токму поради оваа причина решивме да ја подигнеме завесата зад еден од најчесто користените производи на козметичката индустрија и да ви ги откриеме тајните на неговата лесна употреба и прекраснен изглед.

По првиот, ви го претставуваме и вториот дел од правилата за кармин кои морате да ги исполнувате секој пат.

1. Користете молив

Често распространето тврдење е дека моливот за усни може да биде истовремено најдобриот пријател и најголем непријател. И тоа воопшто не е случајно, дури напротив – многу е вистинито. И во двата случаи моливот има многу важна улога во создавањето на совршените усни. Неговата употреба ќе постави правилна форма и граници до кои ќе се држиме.

2. Започнете од средината

Секогаш! Започнете да го нанесувате карминот од средината на усните, а потоа разнесете на краевите. Најдобро е да го направите ова со помош на четка. Експертите секогаш користат четка, бидејќи со неа нанесувањето е многу прецизно и веројатностите за грешки се помали. Особено во споредба со директно нанесување со карминот.

3. Разлабавете ги рабовите

Едноставно ставете мала количина кармин на краевите и разнесете со усни, за да се добие природна контура.

4. Марамче

Откако ќе го нанесете првиот слој од кармин, задолжително користете марамче, кое ќе го бакнете или притиснете меѓу усните. На овој начин ќе се отстрани прекумерното количество и ќе оставите нијанси многу подолготрајни од обично. Потоа нанесете втор слој.

5. Чистење

Секогаш чистете ги усните од карминот пред да си легнете. Не оставајте тој да се измачка по целата перница и не заборавајте да ги ексфолирате откако сте ги исчистиле усните. Завршете со хидрирање со најпријатниот балсам за усни.