Овој едноставен додаток во исхраната може да го забави биолошкото стареење

577

Омега-3 масните киселини, витаминот Д и вежбањето можат да работат заедно за да го забават биолошкото стареење, нудејќи едноставен, но моќен начин за поддршка на долговечноста и целокупното здравје.

Дневната доза на омега-3 може да го забави биолошкото стареење кај постарите возрасни лица, особено кога се комбинираат со витамин Д и вежбање, покажа новото истражување.

Омега-3 масните киселини, кои се наоѓаат во јаткастите плодови, семките и одредени риби, веќе се познати по нивните придобивки за имунитетот, здравјето на срцето и функцијата на мозокот. Тие се исто така поврзани со промените во епигенетските маркери, хемиските ознаки на ДНК кои влијаат на активноста на гените и однесувањето на клетките, што сугерира дека тие може да го забават биолошкото стареење.

Најголемата студија од ваков вид досега

За да го истражат ова, Heike Bischoff-Ferrari од University of Zurichи нејзините колеги проучувале 777 луѓе во Швајцарија, на возраст меѓу 70 и 91 година. Учесниците биле поделени во осум групи за тестирање на интеракцијата на омега-3 со витамин Д и вежбање.

Омега-3 делува на повеќе патишта на стареење, како што се антиинфламаторните ефекти. Слично на тоа, витаминот Д и вежбањето имаат повеќекратни придобивки.

„Мислевме, ако го искористите сето тоа, дали добивате дополнителна корист?

Некои учесници веќе земале додатоци или вежбале и им било дозволено да продолжат. Научниците потоа им доделиле различни комбинации на дневна доза од 1 грам омега-3, плацебо апчиња, 2.000 единици витамин Д и тренинзи за сила три пати неделно.

Епигенетските часовници ја процениле биолошката возраст на почетокот и по три години. Оние кои земале само омега-3, старееле во просек три месеци помалку од оние кои примале плацебо, според студијата објавена во списанието Nature Aging.

„Ова е најголемата студија што ја имаме досега, а која сугерира дека едноставниот додаток во исхраната придонесува за забавување на биолошкото стареење“, вели Bischoff-Ferrari.

– Оние кои комбинирале омега-3 со витамин Д и вежбање покажале уште побавно стареење, што е еднакво на речиси четири месеци подмладување. Ефектот бил нешто поизразен, вели Bischoff-Ferrari.

Потреба за понатамошно истражување

Иако ветувачки, епигенетските часовници не се совршена мерка за стареење. Потребни се дополнителни истражувања за да се проценат ефектите врз познанието, здравјето на срцето и физичката функција, особено кај пошироката популација.

Извор: New Scientist