Еве како да го надминете стресот на работа

740

СИМПТОМИ

  • Главоболка
  • Напрегнатост во мускулите
  • Болка во грбот или вратот
  • Забрзан ритам на срцето
  • Потење
  • Умора и малаксаност
  • Проблеми со спиењето

ПРИЧИНИ ЗА ПОЈАВАТА

Постојат многу фактори, кои придонесуваат за појавата на стрес на работното место. Лошите работни услови, долгото работно време или несигурната работа се многу честа појава во нашата држава. Поради тоа тие се и најчестите причини за појавата на интензивен стрес кај повеќето вработени.

Не е ретка и појавата на омраза и непријателство помеѓу колегите. Во таква атмосфера појавата на стрес е неизбежна.

Други причини за појавата на стрес на работното место можат да бидат: предолго патување до работното место, лош менаџмент во компанијата, премногу обврски, разминување помеѓу вашите способности и тоа што се очекува од вас, прекратки рокови за исполнување на задачите и сл.

СОВЕТИ ДА ГО НАМАЛИТЕ СТРЕСОТ

Вие можете да научите како да го надминете стресот на работното место и да бидете порелаксирани. За да го направите тоа, не е потребно да го смените начинот на живот. Можете да правите неколку мали нешта,

Организирајте се

Анализирајте ги вашите дневни обврски и задачи. Распоредете ги рамномерно. Не се посветувајте само и единствено на работата. Обидете се да најдете баланс помеѓу работата и социјалниот живот.

Излегувајте наутро 10-15 минути порано

Со тоа ќе си го намалите барем стресот кој го предизвикува брзањето, за да не задоцните.

Приоретизирајте ги задачите

Направете си список од сите задачи и подредете ги по важност. Оние задачи кои се поважни за вас, исполнете ги први.

Не бидете перфекционисти

Навистина е важно да давате сè од себе си на работното место, но не треба да претерувате. Ништо не е поважно од вашето здравје, па ни кариерата.

Спријателете се барем со некои колеги
.
Ако знаете дека до вас има колеги кои би ви помогнале кога сте под стрес, многу ќе бидете порелаксирани. Не заборавајте да ја вратите услугата, кога ќе им е потребна и нив вашата помош.

Внесете хумор во вашето секојдневие

Дури и на работа не можете и не треба да бидете сериозни преку целото време. Кога и да имате можност, пошегувајте се со колегите. Смеењето е најдобар лек против стрес.

Движете се

Практикувајте физичка активност од 30 минути барем 2 пати неделно. Со тоа ќе имате повеќе енергија, вашето расположение ќе се подобри и вие ќе се чувствувате позадоволни и поопуштени.

Сторете и Вие нешто убаво за вас – Cashback !!! 

Регистрирајте се! https://cbw.to/4d9crg

Повеќе за Cashback на следниов линк: Cashback world – Cashback