Постојат многу теории за тоа што всушност е причината за појавата на целулитот. Тоа може да биде неправилна исхрана, акумулирани токсини во организмот, хормонален дисбаланс, злоупотреба на алкохол и цигари, прекумерна тежина, честото слабеење и дебелеење, застојаниот начин на живот или едноставно генетика.
Неоспорен факт е дека повеќето жени страдаат од кожата како кора од портокал, која најчесто се формира во областа на колковите, бутовите, стомакот и грбот. Ова е заеднички проблем со кој претставничките на понежниот пол се обидуваат да се изборат. Може да се појави во текот на пубертетот, за време на бременост, по менопауза или при употреба на контрацептивни апчиња.
Целулитот се карактеризира со масно ткиво, кое се акумулира под кожата и предизвикува површината да изгледа како кора од портокал. За да го елиминирате и да се радувате на цврсто и убаво тело, следете ги овие совети.
Носете удобни алишта
Првиот чекор што треба да го почитувате за да се ослободите од портокаловата кожа, е да ја подобрите циркулацијата. Ако облеката ви е потесна и оставаат црвена ознака околу половината на крајот на денот, тоа е знак дека крвта не циркулира правилно .
Затоа пробајте да носите послободна и удобна облека.
Сок од лимон и црвен пипер
Пијалок од лимонов сок и црвен пипер ќе ја подобри циркулацијата и еластичноста на кожата, како и ќе помогне за детоксикација на организмот. Измешајте малку свеж лимонов сок со чили, и додадете и малку вода. Пијте го овој микс по два пати на ден. Многу луѓе тврдат дека ќе ја забележите разликата само по неколку недели.
Продолжува на страна 2



















