Еве како да го елиминирате целулитот

1132

Сува масажа со четка

Масажата со четка без масла е друг корисен совет кој ќе го протера целулитот на природен начин, бидејќи ја подобрува циркулацијата и овозможува на крвта да циркулира правилно. Користете четка, која е мека, со природно влакно и долга рачка, за да можете да дојдете и грбот.

Четкатањето треба да се прави со кружни движења, а почнувате од долниот дел на телото – глуждовите и се движите нагоре. Постапката се повторува и кај рацете – од прстите кон рамената. Притисокот не треба да е многу силен. Направете го тоа два пати на ден, на тој начин ќе стимулирате циркулацијата и ќе ѝ направите пилинг на вашата кожа. По масажата секогашнанесувајте крем.

Мелем со кафе

Талогот од кафето помага за отстранување на горниот слој на кожата, на тој начин таа станува мазна, порите изгледаат помали, тенот станува рамномерен, а кофеинот има затегнувачки ефект.

За да го направите вашиот домашен мелем, измешајте една четвртина чаша талог од кафе (или ситно мелено кафе) со три лажици шеќер и шест лажици кокосово масло . Масирајте ги погодените зони двапати неделно. Во рок од неколку недели треба да се забележи намалување на целулитот.

Продолжува на страна 3