Грижа со зелена глина (бентонит)
Бентонитот често се користи како маска за лице, но има ефект и при отстранување на кожата како кора на портокал со тоа што ги отстранува токсините. Измешајте глина со јаболков оцет и вода, за да се добие паста, а потоа прикачите на погодените зони од телото. Кога смесата ќе се исуши, вашата кожа ќе биде поцврста, а по отстранувањето нејзино, ќе ја повлече нечистотијата и токсините од порите.
Ограничување на сол
Обичната трпезна сол е една од најважните состојки во готвењето, но често ја нарекуваат “тивок убиец”, бидејќи е штетна за нашиот организам. Натриумот, кој се содржи во овој зачин, е непријател на нашето здравје голем број на причини. Тој ја задржува водата во телото, тоа е совршен услов за појава на кожа како кора од портокал.
Обидете се да ја ограничите рафинираната сол, подобро заменете ја со морска или хималајска. Во меѓувреме може да ја замените со различни зачини , за да дадете вкус на јадење.
Здрава исхрана
Токсините се сметаат за потенцијална причина при појавата на целулитот, затоа една здрава исхрана може да го подобри изгледот на кожата. Хранете се здраво, консумирајте свежо овошје и зеленчук. Покрај тоа, пијте многу вода. Таа дејствува како прочистувач за вашиот организам и помага да го ресетирате сврзното ткиво на телото, на тој начин со што се спречува акумулација на целулит.
Успешната борба со кожата како кора од портокал е резултат на континуирани напори. Направете си целосна програма со правилен режим на исхрана, спорт и активен одмор. Грижете се за своето тело и за здравствената состојба секој ден, за да се чувствувате свежи и убави.



















