ПМС прирачник за мажи

928

Предменструален синдром (ПМС) е постојана тема за шеги и закачки од страна на посилниот пол.

Мажите сакаат да пуштаат несолени коментари на сметка на жените на темата, иако никогаш не доживеале такво нешто и едвај би го издржале.

Можеби ако господата се потрудеа да дознаат малку повеќе што точно претставува таа состојба, немаше да се толку храбри во шегичките и би имале разбирање кон партнерката и останатите жени. Затоа ќе им помогнеме:

1. Чувствата на жените се менуваат заедно со нивното тело

Зголемувањето на градите и грчевите во стомакот не се единствените знаци на ПМС. Расположението исто така се менува постојано и тие немаат никаква контрола врз него.

2. ПМС не е периодот на самиот циклус, туку и времето пред тоа

Тој започнува недела пред “главниот настан” и тогаш хормоналната нерамнотежа е во својот врв.

3. Хормоните не можат да бидат контролирани

Од таа причина и вашата партнерка е ту изнервирана, ту насмевната, ту бесрамна. Не ѝсе потсмевајте и не ја обвинувајте, во телото ѝ е целосен хаос.

4. Копнежот за “џанк фуд” е нормален

Кога хормоните беснеат, нападите на глад за чудна храна се целосно нормални. И ако таа побара сладолед во 5 наутро, не се спротивставувајте, само обезбедете ѝ го.

Забелешка: Преземањето на оваа содржина е дозволено само ако го наведете изворот со задолжително линкување на нашиот домен и оригиналната статија!

Доколку сакате да прочитате повеќе содржини како оваа, препорачуваме да го посетите нашиот портал www.kukuriku.com.mk, а со лајк на нашата фан страна станувате дел нашето многубројно членство facebook.com/Kukuriku.mk/.

Продолжува на страна 2