ПМС прирачник за мажи

1486

5. ПМС-от е различен кај секоја жена

Мажите тешко ги дефинираат знаците на ПМС, бидејќи кај секоја жена е различен. Некои се депресивни, други агресивни, трети не можат да престанат да се товат со слатко, а четврти немаат апетит. Вистината е дека не е потребно да ги знаете сите симптоми, доволно е да проучите како вашата партнерка реагира во овој период од месецот и да го почитувате ова.

6. Отокот не е измислица, ниту е плод на мрзеливост

Колку и да звучи чудно, за време на ПМС и на самиот циклус, жените задржуваат многу повеќе вода, стомакот често им отекува и вагата дава со 1-2 килограми повеќе. Во никој случај не ги коментирајте тежината и изгледот во овие денови од месецот.

7. Заморот е постојан придружник на ПМС

Таа не се лигави како ви кажува дека е уморна, откако отишла само до блиската продавница. Повторно виновни се хормоните, чии остри промени на нивоата ги лишуваат жените од тонус и енергија. Во периодот на ПМС таа може да лежи цел ден, дури иако онака е супер активна личност.

8. Ова не е нешто што може да биде поправено

Знаеме дека сакате да надминете сè и да си заштедите главоболки покрај нејзиниот ПМС. Но еден аспирин нема да ѝ ја излечи главоболката ниту пак болките. Затоа едноставно помирете се дека тоа ќе се случува секој месец и наполнете се со трпение и бидете потактични и толерантни, иако реално не го разбирате сосема она што се случува во нејзиното тело.

Забелешка: Преземањето на оваа содржина е дозволено само ако го наведете изворот со задолжително линкување на нашиот домен и оригиналната статија!

Доколку сакате да прочитате повеќе содржини како оваа, препорачуваме да го посетите нашиот портал www.kukuriku.com.mk, а со лајк на нашата фан страна станувате дел нашето многубројно членство facebook.com/Kukuriku.mk/.