Ботоксот може да го регулира срцевиот ритам

125

Пронајдоа уште едно корисно својство на најраспространетото средство за затегнување на брчките – ботоксот, објави “Индипендент”.

Ботоксот се користи за лекување на голем број заболувања, но научниците открија уште една корист за здравјето.

Невротоксичниот протеин може исто така да спречи компликации по операција за бајпас како неправилна работа на срцето. Нервните сигнали до мускулите се блокираат кога се вбризгува ботокс, со што истражувачите дошле до заклучок дека инјектирањето на ботоксот околу срцето може да спречи аритмија.

Најчестите нарушувања на срцевиот ритам се случуваат кога срцето чука премногу бавно и премногу брзо. Ова може да доведе до згрутчување на крвта, мозочен удар, срцева слабост и други компликации.

Овие срцеви нарушувања влијаат на околу 1,5 милиони луѓе само во Велика Британија и повеќе од 16 милиони луѓе во светот.