Дијаманти за полесно откривање на тумори

184

Ново истражување покажува дека синтетизирани дијаманти во комбинација со апарат за магнетна резонанца ефикасно откриваат тумори во раните фази на развој.

Австралиски научници тврдат дека дијаманти со микроскопски големина може да се користат за откривање на канцерогени клетки кои апаратот за нуклеарна магнетна резонанца не може да ги улови.

Т.н. нанодијамантите веќе се користени при експерименти во кои се зголемува ефикасноста на лековите при хемотерапија, соопштува “Nature Communications”.

Научниците од Универзитетот во Сиднеј објаснуваат дека дијамантите со оваа големина не се токсични и имаат магнетни полиња кои го олеснуваат користењето на апаратот за магнетна резонанца.