Што зборува за вас положбата на нозете додека седите?

55783

Според психолозите, кои го студираат “говорот на телото”, положбата која луѓето ја заземаат при седнување многу зборува за нивните намери.

Поентата е во тоа што ние заземаме одредена положба несвесно, и затоа, преку потсвеста, се манифестираат нашите скриени инстинкти и желби.

На пример, еве што можеме да откриеме, по тоа како човекот ги поставува своите нозе при седнување:

A

Понекогаш луѓето, преферираат да седнат во оваа позиција, сакаат да не ги забележуваат проблемите водени по принципот – “Ако се покријам со ќебе преку главата, чудовиштето ќе си замине.” Тие веруваат дека сѐ ќе се реши само по себе. Понекогаш, таков пристап делува – и тогаш се среќни, а понекогаш – и не, и во овој случај, проблемите ги префлаат на туѓа плеќа.

Со такви луѓе, многу лесно се комуницира, тие не се здодевни, лесно се префрлаат, многу ретко “џвакаат” иста мисла недела дена. Тие се многу креативни, шармантни и малку се детинести. Таквите луѓе често прво ќе кажат, а потоа ќе размислат за она што го кажале.

B

Луѓето кои ја заземаат оваа положба за седење се сонувачи, тие имаат добро развиена имагинација и сакаат да мечтаат: “Би било убаво ако …” Меѓу овие луѓе, често се наоѓа оној кој го нарекуваат “душата на тимот или компанијата”, со нив никогаш не е здодевно – тие постојано генерираат нови, понекогаш неверојатни идеи.

Таквите луѓе сакаат да патуваат и лесно создаваат нови пријателства. Малку е веројатно дека трпеливо ќе го дочекаат понеделникот, или новата година, за да започнат нова страница во животот. Зошто – затоа што сè може да започне веднаш! Без долго размислување менуваат изглед, партнер, бизнис, град, па дури и држава – за нив тоа е сосема нормално.

C

Луѓето кои ги поставуваат нозете на овој начин, повеќе од другите знаат каков треба да биде вистинскиот комфор. Тие можеби нема да одат во текот на викендот во шопинг маратон, со надеж дека ќе создадат совршен имиџ, но затоа се во состојба да потрошат многу време на тоа да изберат нов парфем или крема. Нивниот однос кон облека, всушност, може да биде многу комплициран – и во таа смисла, овие луѓе се многу пребирливи и каприциозни.

Многу често, тие се опкружени со т.н. “хаос”, но во она што другите луѓе сметаат за хаос, постои одреден логички систем: сите потребни работи сопственикот може да ги пронајде со затворени очи. Нивната “слаба алка” е – неможноста на фокусирање на нешто посебно. Доста долго време, не можат да се концентрираат, и исто така, лесно се оддалечуваат од темата.

Продолжува на страна 2