Зеленски и неговата сопруга одбиваат да ја напуштат Украина од почетокот на војната на 24 февруари.
Од безбедносни причини тој може само повремено и накратко да се гледа со сопругата, а во првите два месеци од војната воопшто не се виделе.
Во новото интервју за Си-Ен-Ен, сопругата на претседателот на Украина, Володимир Зеленски, Олена Зеленски, зборуваше за нејзиниот приватен живот, за односот со нејзиниот сопруг и за тоа како војната влијаела врз него.
Рекла дека често не смее ни да се види со сопругот, а кога го прави тоа е само на кратко.
– Ова не е нормално, ова не е нормална врска, кога децата не можат да го видат својот татко и мораат да разговараат со него на телефон… Затоа нашата врска моментално е на пауза, како и односите на повеќето Украинци. – рече Зеленска.
– За среќа, тие два месеци, кога воопшто не можев да го видам сопругот, сега се минато. Сега можам да го видам понекогаш. Не често и не долго, но можам физички го почувствувам – изјави првата дама на Украина.

Зеленски и неговата сопруга одбиле да ја напуштат Украина од почетокот на војната на 24 февруари, а во првите два месеци од војната, семејството воопшто не можело да се види, Зеленски живел во неговата канцеларија со персоналот, додека Олена и нивните две деца , на возраст од 17 и 9 години се чуваат на тајна локација. Олена и Владимир се во брак од 2003 година.
Иако не се согласувала со кандидатурата на нејзиниот сопруг за претседателската функција, во последните три години се покажа дека е родена за улогата на прва дама. Учеле во истото училиште, но тогаш не се дружеле.
Двајцата се родени во градот Криви Рих во југоисточна Украина. Двојката се запознала на универзитет кога студирале во истиот град. Олена избрала градежни студии, а Зеленски право. Тие се запознале случајно, а набрзо се заљубиле.
Во врска биле осум години, по што се венчале.



















