Оваа приказна ќе ви ги насолзи очите | Како мачорот скитник ме научи на една важна животна лекција …

175

Се вели дека облеката не го прави човекот. Оваа приказна на совршен начин ја докажува оваа поговорка.

Споделете ја оваа потресна приказна со луѓето за кои се грижите.

Oваа мачка само сакаше да биде сакана, некој да покаже малку сочувство за неа и да ја пуштат да ги сака. Срцето ќе ви препукне, кога ќе прочитате преку што сѐ морала да помине во животот, но ќе научите и една важна животна лекција.

“Сите кои живееја во мојата населба знаеја кој е Грдиот. Грдиот беше мачор скитник. Тој сакаше три работи во животот – да се бори, да јаде ѓубре и да “сака”. Овие три работи во комбинација со уличниот живот доста имаа влијание на Грдиот.

За почеток, тој имаше само едно око, а на местото на второто око имаше голема дупка. Од истата страна немаше уво, левата нога некогаш ја скршил, но никогаш не успеа да му помине правилно, па секогаш изгледаше како да ќе се сврти на лева страна. Опашката одамна ја изгубил во некоја тепачка, оставајќи го само трупецот кој отсекогаш се трзаше. Тој беше сив шарен мачор, но лентите тешко можеа да се видат, бидејќи главата и вратот му беа прекриени со рани. Дури и телото беше полно со жолти застарени красти.

Секој пат кога луѓето ќе го здогледаа, реагираа на ист начин. “Каков ужасен мачор!”, зборуваа.

На сите деца им кажуваа родителите ни случајно да не го допираат. Бидејќи беше толку грозен, возрасните и децата фрлаа со камења по него, истураа вода врз него, го исфрлаа од дворот и го напаѓаа со стап, ако воопшто се обидеше да влезе во нивниот дом.

Грдиот секогаш реагираше на ист начин. Ако некој го прскаше со вода од црево, тој само стоеше таму, ја трпеше водата сѐ додека не престанат. Ако некој фрлаше по него со нешто, тој ќе се повиткаше како нешто да згрешил.

Трогателно беше кога тој ги гледаше децата како си играат. Се обидуваше да им пријде, тивко развлечено мјаукајќи и поттурнувајќи ја главата во нивните раце, молејќи ги за малку нежност и љубов.

Еден ден Грдиот изгледа побарал нежност и од соседните хаски. Ним тоа не ми се допаѓаше и тие лошо го нападнаа. Во својот стан го слушнав неговото очајничко мјаукање и побрзав да му помогнам. Кога стигнав, веќе беше доцна – беше јасно дека неговиот тажен живот беше речиси завршен.

Грдиот лежеше во локва на сопствената крв, со нозете и задниот дел од грбот искривен во чуден агол додека на предната страна од телото зјаеше голема дупка. Кога го зедов и се обидов да го однесам дома, слушнав како тешко диши. Се бореше да го оставам. Тој мора да беше во ужасни болки.
И тогаш се случи нешто чудесно. Додека го држев во моите раце, му го почувствував носот на своето уво. Ја туркаше муцката во мене и се обидуваше да се умилкува и покрај ужасните болки кои ги чувствуваше. Во сета своја агонија, тој грд стар мачор сакаше малку љубов и внимание.

Во тој момент помислив дека Грдиот е најубавиот мачор кој некогаш сум го видел во мојот живот. Ниту еднаш не се обиде да ме гризне или изгребе, па дури и да избега од мене. Тој лежеше во моите раце, апсолутно верувајќи дека некако ќе успеам да му ги олеснам страдањето.

Грдиот почина во моите раце пред да стигнам до станот, но јас уште долго време го држев во рацете, размислувајќи за тоа како еден мачор, обичен, уличен и целиот во рани, успеа целосно да го промени моето мислење за тоа што значи да се има чиста душа, да се сака искрено и целосно. Грдиот ме научи повеќе за давање и сожалување отколку што можеле тоа да го направат илјадници книги, експерти, емисии …

Затоа јас сум му вечно благодарен. Тој имаше лузни од надвор, ама јас сум ги имал внатре и беше крајно време да почнам да ги лекувам и да научам да сакам длабоко и искрено. Да им се ​​дадам без резерва на оние за кои се грижам.

Многу луѓе сакаат да бидат побогати, повеќе успешни, и повеќе популарни … Што се однесува до мене, јас секогаш ќе се трудам да бидам Грдиот”.