Оваа фотографија ги расплака родителите во целиот свет, а кога ќе ја слушнете приказната сигурно и вас ќе ве расплаче | Фото

622

Последното збогум на двајцата родители на своето мртвороденче сигурно е најтажната глетка која овие денови ќе ја видите. Особено кога ќе дознаете дека сето тоа можело да се спречи.

Трејси и Фил Стивенсон, на возраст од 28 години, од Стафордшир во Велика Британија пет години се обидувале да имаат дете. По вториот обид за вештачко оплодување, Трејси конечно беше бремена. Сепак, работите не оделе според планот.

– На ултразвук во петтиот месец, нѝ рекоа дека се грижат затоа што плодот не расте правилно. Бебето било премногу слабо, нашиот син беше тежок само 223 грама. Имало проблем со добивање хранливи материи од папочната врвца и лекарите нѝ предложија да ја прекинеме бременоста. Ние одбивме. Сакавме да му дадеме шанса да се бори – раскажува Трејси.

Состојбата на бебето се подобрила откако откриле дека проблемот во крвта на мајката го спречува хранењето на плодот. Сепак, во 27-та недела им соопштиле дека сепак повеќе не постои надеж.

– Почина во мојот стомак, и јас такво мораше да го родам. Ми беше ужасно тешко, но акушерките беа прекрасни. Породувањето претставуваше многу тешко, но на некој начин и драгоцено искуство. Барем добивме шанса да видиме како би изгледал. Со часови го гледавме. Го фотографиравме. Би се викал Фреди – вели Трејси, пренесува 24 часа.

Тие сега се обидуваат преку петиција да го направат понавреме достапно ултразвучното Доплер скенирање кое ги открива проблемите во крвта, и да се спречат ваквите проблеми, како кај Фредиеви, да не им се случуваат на други парови.