Еве како прејадувањето го менува нашиот мозок

205

Новите истражувања покажуваат дека високо калоричната храна го доведува мозокот да мисли дека му е потребно да се прејадете.

Идејата дека нашиот мозок има влијание врз се што правиме не треба да биде изненадувачка. Се што сакаме, се што ни се допаѓа па дури и се што јадеме е утврдено од страна на мозочната активност. Во длабочоните на нашиот мозок е сместена група на мозочни клетки кои го определеуваат хипоталамусот. Хипоталамусот го утврдува движењето на повеќе наши однесувања.

Како и сите други региони на мозокот така и хипоталамусот е сочинет од повеќе структури: сите именувани по областети кон кои го насочуваат мозокот. Многу истражувања кои се поврзани со прејадувањето, согледуваат дека овие патишта се прекрстуваат со хипоталамусот. Тој е учесник при креирањето на навики кои се поврзани со храната.

Оваа врска за првпат била забележана при тестирања спроведени на животни, каде определени оштетувања на хипоталамусот доведел до немање потреба од внесување на храна. Од тогаш, па до ден денес, врската помеѓу прекумерното јадење и хипоталамусот е предмет на многу бројни истражувања. Повеќето иситувањ анаправени во последно време докажуваат дека храната која содржи калории и масти на директен начин влијае на хипоталамусот, со тоа што создава потреба од поголемо внесување на храна. Подлабоките истражувања ја испитуваат директната содржина на хипоталамусот и истите откриле дека тој се храни со состојки кои содржат шеќер.

Овие факти се навистина револуционерни и возбудувачки, бидејќи согледуваме дека високо калоричната исхрана го дефинира хипоталамусот и ја олабавува нашата кочница за храна. Со други зборови високо калоричната храна навистина може да направи негативни ефекти така што ќе го навикне мозокот да размислува и промовира на прејадување, кое пак негативно ќе се одрази на вашето здравје и килажа.