“НЕ, НЕ СЕ УНИШТЕНИ” | Научниците ја откриле вистината за мистериозните луѓе чија судбина е опишана во Библијата

1861

Земјата Ханаан често се споменува во Библијата и во други списи од тоа време.

Но, историчарите досега биле збунети околу тоа кои навистина биле овие Хананејци. Тие имале огромно влијание врз културите на околните народи, но повеќето од она што се знае за нив доаѓа од нивните непријатели, додека нивното потекло и судбина останале мистериозни.

Но, сега, секвенционирањето на геном од еден од нивните поголеми градови дал некои одговори, пишува IFLScience.

Несигурни извори

Пред околу 3700-3100 години, поголемиот дел од територијата што сега им припаѓа на Израел, Палестина, Либан, Сирија и Јордан била населена со Хананејци. Се чини дека тие биле првите луѓе што измислиле систематска азбука и извесно време претставувале толку голема сила на Медитеранот што основале бројни колонии, меѓу кои и Картагина.

Но, и покрај нивното напредно пишување, многу малку хананејски пишани записи преживеале, можеби затоа што пишувале на папирус наместо на глина. Резултатот е дека најмногу информации за нив добиваме од Римјаните, Грците и Израелците, а ниту еден од овие извори не може да се каже дека е непристрасен.

Значи, сè што знаеме за нив, вклучувајќи ја и библиската приказна за нивното уништување, мора да се земе со резерва.

ДНК од черепи

Д-р Mark Haber од Институтот Sanger извадил ДНК од черепите на петмина Хананејци закопани пред 3.700 години во Сидон, град во денешен Либан, и ги секвенционирал нивните геноми, кои потоа ги споредил со геномите на 99 современи Либанци.

Haber открил дека тие не само што исчезнале, како што е наведено во Библијата, туку дека Хананејците сè уште се доминантни меѓу луѓето што живеат таму денес. Гениомите од Сидон се слични на номадите од сегашен Јордан, кои се нарекуваат и Хананејци.

„Денешните Либанци веројатно се директни потомци на Хананејците, но со мал додаток на евроазиско потекло што можеби дошло преку далечни напаѓачи како Асирците, Персијците или Македонците“, рече Haber.

А што се однесува до нивното потекло, „Хананејците биле мешавина од локални луѓе кои се населиле во земјоделските села за време на неолитскиот период и источните доселеници кои пристигнале во областа пред околу 5.000 години“.

„Во светлината на енормно сложената историја на оваа област во изминатите неколку милениуми, навистина е изненадувачки што над 90 отсто од генетското потекло на Либанците е Хананеец“, рече коавторот на студијата, д-р Chris Tyler-Smith.

Освен тоа, Haber и Tylerпокажале дека древните Хананејци изгледале како денешните Либанци, бидејќи гените покажуваат боја на очите и косата и малку потемна кожа.