Атомските бомби во Хирошима и Нагасаки беа првите и досега единствените вакви бомби што биле користени во војна. Се претпоставува дека во двата напади починале над 200 илјади луѓе, и дека барем толку многу починале од директни последици – зрачење, гладување, изгореници.
Зошто Хирошима и Нагасаки? На нападите им претходеа интензивни дискусии за избор на цели за напад. Основниот предуслов беше дека целите мора да имаат воено значење.
Од сите 66 најголеми градови во Јапонија, 59 се веќе уништени при претходните напади. На тој начин, Комитетот „номинираше“ четири града – Хирошима, Кокура, Нигата и Кјото, градови кои беа прилично поштедени од уништувањето во војната.
Приказна што е невозможно да се потврди денес, вели дека стариот јапонски империјален град Кјото бил отстранет од списокот под влијание на Хенри Л. Стимсон, државниот секретар на САД, кој го поминал својот меден месец во тој град пред неколку децении и се заљуби во него.
Сепак, Нагасаки не беше ниту првиот избор! По Хирошима, Кокура, стариот град во префектурата Фукуока во Јапонија, беше означен за уништување.
Меѓутоа, кога дојде 9 август и кога американските бомбардери полетаа носејќи го својот смртоносен товар, ја затекнале Кокура во облаци што беа толку густи што не можеше јасно да се види градот подолу.
Бидејќи наредбата беше да се пука само доколку визуелно би можеле да ја потврдат целта, пилотите се откажале од Кокура и продолжиле кон алтернативна цел – Нагасаки. Друга можност беше да се одложи нападот.
Дури и денес, во Јапонија, се вели „Кокурина среќа“ за невообичаено спасување од опасност.