Еднаш прашав психолог, за мене, многу важно прашање:
„Зошто нашите родители стануваат неподносливи во староста? Тие знаат точно како да нè повредат и без оглед колку и да се трудиме, се караме и нашите односи значително се влошуваат?“
Психологот добро размисли и ми одговори:
„Знаете, двапати во животот, човекот станува неподнослив за најблиските. Очигледно заради полесно раздвојување и заминување.
Прв пат во адолесценцијата. На таа возраст, едно дете е во состојба да ги полуди своите родители. Сите суптилни врски се тенки и полека се кршат, а желбата детето да стане независно станува взаемно.
Истата работа се случува и во староста. Така, природата нè подготвува за раздвојување, простување … Колку се поискрени, неподносливи нашите родители „во старите денови“, толку е полесно да го издржиме моментот кога ќе умрат.
Уште полошо е за оние што остануваат на добар однос со своите родители во старите времиња. Понекогаш нежноста што ја чувствуваат ги расипува нивните животи во моментот кога ќе умре нивната мајка или татко“.