Знаци дека имате совршен сопруг

544

Секоја жена има различна замисла за тоа кои карактеристики треба да ги има еден совршен маж и свое лично мислење за тоа како изгледа совршениот брак.

Но, чувството дека имате покрај себе некој што секогаш ве става на прво место е клучната работа за среќен брак.

Доколку вашиот сопруг ги прави овие работи или барем дел од нив, вие сте навистина среќна жена и треба да го цените тоа.

Не се плаши од тешки ситуации и секогаш е спремен да најде решение за кој било проблем.

Вистинскиот маж не само што кажува убави зборови, тој го покажува тоа и на дело. Во тешките ситуации, тој секогаш се труди да најде соодветно решение и секогаш е тука да ви биде рамо за плачење.

Може да подготви јадење сам, без да ги искористи сите садови и кујната да ја остави во неред.

Модерните жени сметаат дека совршен маж е оној кој изгледа добро и знае да подготви јадење сам. Тоа не мора да биде некој посебен оброк. Дури и исечени парчиња овошје убаво наредени во чинија, можат да ја направат жената среќна.

Секогаш ве поддржува дури и кога ќе направите сериозна грешка.

Секој човек прави грешки, но многу е важно кога вашиот партнер е покрај вас да ве поддржи, утеши и помогне. Колку и да сте погрешиле, вашиот сопруг секогаш треба да биде покрај вас, а не да ве обвнинува.

Обврнува внимание на детали.

Тоа не значи дека тој треба да го памети секој детаљ од вашиот живот, на пример кој фустан сте го носеле на денот кога сте се запознале. Совршениот маж ги забележува работите кои вие ги правите и ви значат. Тој знае колку лажички шеќер ставате во кафето и чајот и која е вашата омилена песна.

Тој е паметен и мудар.

Можеби е одлично да имате покрај себе личност којашто ќе ви објасни квантна физика, но уште подобро е да имате маж кој секогаш наоѓа одличен начин да ги реши секојдневните проблеми. Ако вашиот сопруг секогаш ви дава одлични совети, на пример кога ќе се скарате со вашата мајка или некоја пријателка, тогаш вие сте среќна жена.

Продолжува на страна 2