Дали влашката магија е „знаменитост“ на српскиот туризам која привлекува сè повеќе странци?

505

Често може да се слушне дека влашката магија е посилна и од вуду-магијата.

Затоа можеби веќе не е чудно што многу странски туристи почнуваат да се распрашуваат за знаменитостите за источна Србија.

Меѓутоа, не смеат да не се заборават ниту Србите, особено локалните жители, кои често се обраќаат за помош, пишува српски Телеграф.

Кои се Власите?

Одоговорт на ова прашање зависи од тоа на кого му го поставувате. Официјално во прашање е еден од најстарите автохтони народи на подрачјето на Балканот. Ако познавате некој Влав или Влаинка, тогаш знаете колку тој народ ја почитува својата традиција и во која мера ги почитува обичаиите на домаќинот.

На подрачјето на Грција тоа се Цинцари кои имаат оставено значајна трага на историјата на земјата, но и на српската историја. Многумина кои во минатото живееа во Србија ги сметаа за Грци, всушност биле Власи. Но, да се вратиме на познатата влашка магија, по која овој народ е многу познат.

Зошто влашката магија е толку позната што привлекува и туристи?

Како што за секој народ постои нешто по кое е специфичен, така постои и за Власите. Иако тие имаат многу квалитети, сепак нивната магија е секогаш на прво место, особено за Влаинките.

Особено на подрачјето на Неготин и Кучево има постари жени со влашко потекло, кои се занимаваат со црна и бела магија. Всушност има многу повеќе кои се занимаваат со симнување магии, односно таканаречената бела магија, меѓутоа има и такви кои ги открија тајните на црната магија, па таквите „помагаат“ на жените да ги „врзат“ мажите за нив. Оваа „услуга“ е една од најбараните.

Сепак, за да ја разберете влашката магија и нејзината сила, морате да бидете запознаети со системот на верување на Власите и нивните обичаии. Едноставно, во сржта на овој народ е верувањето во силата на природата. До некаде тоа го правеле и нашите претци, но многумина престанале. Власите биле тие што толку долго опстојуваат, бидејќи го ценат тоа и го пренесуваат од колено на колено, односно традиционален систем на верување и обичаи.

Симнување магија

Обично на човек кога не му оди добро во животот, прво што му паѓа на памет е дали некој му фрлил магија. Некој во тоа верува многу, некој помалку. Поради тоа некој бара совет од врачари, а некој се одлучува да се заврти кон Господ и спасот да го побара во црква.

Ако некој побара да се сретне со познатите влашки врачари во источна Србија, најпрво ќе поразговара со него за да дознае што го мачи и дали, односно како може да му помогне. Не би требало да се држите до приказните за вуду-магии, која е послаба од влашката, бидејќи многу врачари во тој дел на Србија ќе се потрудат да помогнат на секој кој ќе побара помош од нив. Не, не се во прашање вештерки, како што многумина ги замислуваат веројатно. Туку тие се сосема обични жени, кои овој дар го наследиле или научиле од своите мајки и баби.

Интересен е податокот дека за влашката магија се слушнало насекаде низ светот. Можеби поради тоа што некои медиуми од Америка започнаа да ја истражуваат оваа тема, за која мислат дека е вуду-магија од источна Србија.

Всушност никаква врска немаат овие два вида на магија. Влашките врачари се трудат да помогнат на секој, без разлика од каде доаѓа и која е верата и националноста. Но, се разбира, секој медал секогаш има две страни и поради тоа очекувано е дека покрај бела влашка магија, дека мора да има и нејзина спротивност.