ИТАЛИЈА | “Забранети се сите културни и спортски настани, вклучително и свадбите и погребите“

276
Санела Анастасова Николова

Нашата сограѓанка Санела Анастасова Николова, која работи и живее во Alto Adige, Bolzano 19 години, од своја гледна точка ја опишува ситуацијата во Италија. Еве што вели:

“Моментално за непочитување на одредбите за движење за време на корона вирусот казните се од 300€ ако те фатат надвор без валидно образложение, нпр. ако одите до аптека или продавница. Секој треба да има документ со лична изјава зошто е надвор, и истиот го потпишува пред полициската контрола. Документот треба да е со потпис и печат од претпоставениот дироктор дека имаш обврска да одиш на работа со адреса на живеење и адреса на работното место.

Идеолошка лага извршена од приватно лице во јавен акт – чл. 483 кривичен законик. Секој што лажно ќе докаже на јавен службеник на јавен акт се казнува со затвор до 2 години. Овој случај ќе биде оспорен за оние кои се изјаснуваат за лажни во само-сертификацијата (на пр.: Потврдува дека одии на лекар, а не е точно или потврдено е дека оди на работа,а не е точно).

Касацијата го асимилира само-сертифицирањето на јавен акт, дури и ако тоа потекнува од приватно лице и е напишано со своја рака. Овој прекршок ќе биде оспорен заедно со член 650 од италијанскиот кривичен законик, бидејќи лажното само-сертифицирање се користи за заобиколување на одредбата на Органот (Уредба на Премиерот).

Освен парична казна, лицето се внесува во листа на лица со извршено кривично дело.

До средата носев документ од фирмата иако моето работно место е на 5 мин. со велосипед. Сите сме по дома, ниту со родителите не можеме да се видиме. Бидејќи се со послаб имунитет и ризик, ние пазариме и намирниците им ги оставаме пред врата. Во продавница влегуваме по 3-4ца. Пред вратата на влезот вршиме дезинфекција на рацете, ставаме медицински ракавици и маски или шал на лицето. Ако се приближиме еден до друг несакајќи, се извинуваме.

И заборавив да додадам дека се забранети сите културни и спортски настани, вклучително и свадбите и погребите.“