Еве како Кинезите постапуваат со оние што не ги почитуваат наредбите | Видео

858

На снимката се гледа како човек во заштитно одело му мери температура на маж во автомобил, кој потоа се обиде да побегне со возилото од самото место, но полицијата го запре.

Цел свет последните неколку недели се бори против коронавирусот. Медиумите секојдневно известуваат за тоа каква е моменталната состојба и како луѓето можат да се заштитат.

За жал има и такви кои не ги почитуваат правилата, Кинезите на една снимка објаснија како тие постапуваат со граѓаните кои не се придржуваат кон пропишаните упатства.

На социјалните мрежи се појави снимка од показна вежба каде Кинезите објаснуваат како нивните служби се обучени да реагираат.

На снимката се гледа како човек во заштитно одело му мери температура на маж во автомобил, кој потоа се обиде да побегне со возилото од самото место, но полицијата го запре.