Исповед на една мајка | Синот не е повеќе со нас заради вакцината

537

Јас сум Ленче Данилова, мајка на дете кое “благодарение” на вакцината ММР лани почина. Имаше само 5 години.

Почитувани родители, моето синче се викаше Томче, а до неговата прва година живот беше сосема здраво детенце и освен по некоја настинка, немаше никакво друго посериозно заболување. После примената вакцина ММР почна да му oпаѓа хемоглобинот кој постојано му беше околу 100. Го носев по доктори, ќе му препишеа сируп и така постојано до неговите 3 години СТАРОСТ?!? кога почна да се жали на болки во стомакот кои секојдневно стануваа се’ посилни. Ни препорачаа ехо, за по него итно да не испратат на Детската клиника.

На 23 мај 2012г. почнаа со испитувања и не известија дека Томи има тумур на надбубрежната жлезда т.е. НЕУРОБЛАСТОМА. Како да ме погоди гром, ми се сврте светот околу мене, неможев да поверувам. Си помислив: зар ова е реалност? Мислев дека тоа го има само во филмовите. Тогаш почна нашата голгота, почнавме со борбата. Надежта сето време беше со нас и ни даваше сила во таа борба. Го видовме пеколот на земјата, кој верувајте постои. Кој не видел, а не дај Господе никој да види и осети, не ни може да замисли каква страшна слика претставуваат тие невини душички и нивните родители.

Тие преплашени детски погледи кои бараат помош, тие изнемоштени малецки тела и безпомошните родители кои безрезерно верувјќи им на докторите, оставаат тие да се грижат за нашите деца. Им верувавме дека ке го сторат најдоброто. Оние пак соби на смртта, во одделот за онкологија во детската клиника во Скопје, заедно со децињата во нив, никогаш нема да ги заборавам.

А ниту едно од тие дечиња, верувајте – не преживеа. Бог нам нека ни проштева, не ним, и што впрочем на ангелите има да им се простува? Почивајте во мир ангелчиња.

Безброј пати ги прашував господата во бели мантили како и од што се случило ова? И замислете само што ми одговорaa: веројатно на почетокот на бременоста сте пиеле антибиотици или апчиња за спиење. Каква глупост, каков апсурд! Тие не се ни свесни колкава грижа на совеста и онака чувствував и до крајот на својот живот ќе ја чувствувам, а уште повеќе откако ја дознав причината за болеста.

Продолжува на страна 2