Почина Благој Цанев

327

Благој Цанев (Свети Николе, 8. Ⅷ 1937) – композитор, е првиот дипломец (1970) на штотуку основаната Висока музичка школа (подоцна ФМУ), каде што подоцна дипломира и на Одделот по композиција.

Работеше како професор во Средното музичко училиште, а потоа и на ФМУ. Неговиот опус бележи дела од повеќе музички родови, а најзначајни се хорскиот, камерниот и солистичкиот жанр.

Делата на Цанев се базираат врз неоромантичната и неокласичната естетика, со дискретна примена на елементи од македонскиот музички фолклор.

На полето на камерната музика ги остварува најзначајните творечки достигања, при што некои од творбите (Соната ин Ес, за кларинет и пијано, 1972) доживуваат бројни изведби од домашната музичка репродуктива.